Тажна вест утрово: Почина поранешниот македонски фудбалски репрезентативец

На 54-годишна возраст синоќа ненадејно почина Николче Здравески, еден од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа од Прилеп, човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија, објави Екипа.

Здравески остави длабока трага како капитен на прилепскиот тим, водејќи го клубот до првата шампионска титула во независна Македонија.

Подоцна, како тренер, го донесе и вториот трофеј во клубските витрини. Неговиот потпис стои и зад епските дуели со италијанската Парма во 2000 година – пресметки што останаа запаметени како едни од најзначајните за македонскиот фудбал, во кои гостуваа фудбалски великани како Буфон, Канаваро, Аморозо и Турам.

Целиот свој фудбалски пат Здравески го помина во Победа – како играч, капитен, тренер, а подоцна и како координатор на младинската академија.

Здравески беше и репрезентативец на Македонија. Настапи два пати за националниот тим во пријателски натпревари против Албанија во Прилеп, и против Азербејџан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде