Најнова прогноза: Погледнете колку ќе достигне максималната температура во Македонија

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информира УХРМ.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток и во петок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде