Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на кружниот тек пред Граничниот премин Блаце.

Во сударот учествувале неколку возила, а според првичните информации, има повеќе повредени лица.

Повредените се пренесени со возила на Итната медицинска помош во најблиската болница, каде им се укажува лекарска помош.

На местото на несреќата интервенирале екипи на полицијата и итната помош. Повеќе детали за причините за несреќата и состојбата на повредените се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде