Изминативе денови, вниманието на јавноста повторно е насочено кон случувањата во Град Скопје и актуелната градоначалничка Данела Арсовска. По низата политички турбуленции и јавни расправии со дел од советниците и претставниците на власта, Арсовска утрово излезе со нова објава на социјалните мрежи, каде што директно ги обвини политичките противници за наводни обиди за дестабилизација на главниот град.
Во својата порака, таа наведува дека е информирана за планови кои вклучуваат создавање хаос преку јавните претпријатија, како што се ЈСП и Комунална хигиена, со цел да се дефокусира јавноста и да се одржи контрола врз одредени бизнис интереси.
Арсовска утрово излезе со нова објава на социјалните мрежи во која упатува критика до власта.
„Им се дестабилизира милионскиот бизнис.
Им се дестабилизираа Ганиу, Меџити и Адеми.
Утрово ми јавија дека сковале план сега да го дестабилизираат Скопје“, пишува Арсовска.
Како што вели, ќе почнат со ЈСП, па со Комунална хигиена и ќе креираат хаос за да дефокусираат и да владеат.
„Ете што ќе се случува од денес.
Бизнис коалицијата со Ганиу, Меџити и Адеми, не смее да трпи.
На сликава од вчера ѕирка дестабилизираниот елемент“, додава Арсовска.