Изгубил контрола на мотоциклот и удрил во бетонски столб, загина младо момче

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата.

– Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од селото Доброшане,

кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде