На 3-ти јуни 2025 година, околу 17:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, после селото Трпејца, 58-годишно лице од охридското село Лескоец,
управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и со мопедот излетало од коловозот.
– Во несреќата, лицето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.