Дваесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа на локален пат во селото Орашац.
Несреќата се случила синоќа во 21 часот, откако изгубил контрола на мотоциклот и удрил во бетонски столб.
„Во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од с. Орашац кон регионален пат Куманово – Свети Николе, М.П. (20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол.
Од задобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.
