Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека од денеска, 5 јуни 2025 година, започна исплатата на надоместоците по основ на социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.
Корисниците кои располагаат со дебитни картички ќе можат да ги користат средствата веднаш – преку подигнување готовина на банкоматите,
за безготовински трансакции во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
За да се избегне метеж во и пред банкарските филијали, исплатата за корисниците кои не користат картички ќе се реализира во две фази, според азбучен ред, и тоа
05.06.2025 година – за лицата чии презимиња започнуваат со: А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
09.06.2025 година – за презимиња со почетни букви: М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Исплатата ќе се врши во сите отворени филијали и експозитури на деловните банки низ државата. Министерството апелира до граѓаните да се придржуваат до предвидениот распоред заради побрза и поефикасна исплата