Тешка сообраќајка, 17-годишно момче итно пренесено во болница

На 04.06.2025 во 19.20 часот во Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Куманово, во с.Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано Т.Ј.(51) од с.Арачиново и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Арачиново.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот мотоциклист, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде