Во земјава и денеска ќе преовладува сончево и многу топло, со мала до умерена облачност.
Попладне ќе се развие нестабилна облачност со локални обилни дождови и грмотевици.
Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Попладнево силно невреме го зафати делчевскиот регион.
Невреме со врнежи од град со големина од лешник имаше во делови од с. Селник и с. Киселица.
Според првичните информации направена е штета на земјоделските култури.