Силен земјотрес во Грција, туристи во паника бегаат од таверните
Силен земјотрес од 4,9 степени според Рихтеровата скала повторно ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот е на околу 6 километри во Егејското море, западно од Кареа, Грција со магнитуда од 5,2 степени.
Туристи коишто во моментов летуваат на Сарти на вториот крак на Халкидики јавуваат дека потресот траел
околу 10 секунди и дека луѓето во паника ги напуштиле таверните зашто стравуваат од нови потреси.
Во пораката којашто ја добиле на мобилните телефони се препорачува да обујат обувки, да го исклучат плинот, да проверат дали има штета на објектот каде престојуваат и да се евакуираат.