На 07.06.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.20 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, Р.Ѓ.(58) од Штип,
управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Во несреќата, возачот Р.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирана во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, информираше МВР.