За денеска најавено невреме – еве каде

Денеска во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер.

Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде