„Ако му се повтори уште еднаш, ќе биде разрешен“, кажа Мицкоски за директорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави за медиумите дека е подготвен да го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи,

доколку тој повторно не се придржува до употребата на македонскиот јазик при службена комуникација.

Мицкоски нагласи дека ваквиот потег би бил преземен со цел да се обезбеди почитување на јазичните стандарди во институциите, истакнувајќи ја важноста на македонскиот јазик како официјален јазик во земјата.

„Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, вели Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде