Норвешки државјанин е приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако со агресивно однесување го
нарушил јавниот ред и мир во авион кој летал од Осло кон Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил околу 1:30 часот по полноќ, кога полицијата постапила по претходна пријава за нарушување на редот во леталото. Приведен е А.С. (44) од Норвешка.
„При обид да биде извршен службен разговор со лицето, тој покажал агресивно однесување и кон полициските службеници кои постапувале по пријавата“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Илустрација