Со име и презиме: УЈП јавно ги објави граѓаните и фирмите кои и должат

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.06/2025 за долгови доспеани до 28.02.2025 и неплатени до 31.05.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица

Помалку правни лица, но повеќе физички лица на најновата листа на должници

На Листата на должници бр.06/2025 објавени се 1998 должници – правни лица (помалку за 26 од претходната листа) и 3913 физички лица (повеќе за 10 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.06/2025 изнесува 11.855.795.304 денари, (помалку за 37.554.527 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.696.993.993 денари, (помалку за 37.737.312 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 158.801.311 денари (повеќе за 182.785 од претходната листа).

Листата на должници на следниот линк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде