Внука сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо.

„По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска“,

каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож“, соопшти Обвинителството.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Осомничената е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде