Паѓаа делови од згради: Регистриран силен земјотрес со јачина од 5,9 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван.

Епицентарот се наоѓал на 67 километри од градот Хуалиен, на источниот брег на островот, а длабочината била 31 километар.

На социјалната мрежа X беше објавено видео на кое се гледаат свлечишта на планината и градежни материјали што паѓаат од зграда.

Граѓаните кои го почувствувале земјотресот пријавиле преку апликацијата EMSC. Многу од нив добиле предупредување 30 секунди пред земјата да се затресе, што им овозможило да се засолнат.

„Се тресеше долго време, околу 20 секунди“, „Се тресеше многу, но не беше страшно“, „Се тресеше многу долго време, но успеав да излезам оттаму на време поради предупредувањето“, се само дел од коментарите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде