Механички дефект на седиштето на пилотот, би можела да биде причината за несреќата на авионот Боинг 878 на Ер Индија, на летот АИ-171.
Ова го покажуваат првичните наоди од прелиминарниот извештај што го подготвува Одделот за истрага на воздушни несреќи, објави грчки „Прототема“.
Во авионската несреќа загинаа повеќе од 270 лица, откако авионот се урна веднаш по полетувањето во студентски центар, во кој биле сместени студенти по медицина.
Се очекува целиот извештај да биде објавен во наредните денови, а дел од извештајот е дистрибуиран интерно до истражните органи во други земји, кои побарале информации за можни слични инциденти што не резултирале со несреќа.
Авионте на Ер Индија од истиот тип се веќе приземјени и се проверуваат.
Според извештајот, додека авионот бил во фаза на полетување, седиштетот на пилотот одеднаш се лизнало наназад поради дефект на механизмот за заклучување на шината.
Тежината на пилотот ненамерно ги повлекла рачките за потисок во положба на мирување, предизвикувајќи нагло намалување на моќноста.