Три сообраќајки се случија вчера во Тиквешијата.
Во една од сообраќајките, на патот Кавадарци – село Возарци, кон селото Дреново, имаше едно потешко и едно полесно повредено лице.
Во сообраќајната несреќа од градот кон росоманското село Рибарци, во која имаше и деветмесечно бебе, се работеше за полесни повреди.
Во третата сообраќајка, стануваше збор за незгода на патот Неготино – село Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби.
Повеќе детали за сообраќајките, се очекуваат во текот на денот, од страна на СВР Велес.