Утрово ненадејно почина Јованчо Пилешков, голем спортски фудбалски работник, на 61-годишна возраст.
Пилешков во минатото беше фудбалски судија, делегат, а ја извршуваше и функцијата секретар на ФК Кожуф од Гевгелија.
Низ својот професионален фудбалски ангажман вршеше повеќе важни и значајни функции.
Одличен познавач на македонскиот фудбал, кој остава голема и длабока трага во мак-фудбалот со неговото големо искуство.
Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник со големо срце и душа.
Тој е татко на судијата Димитар Пилешков.