УЖАС: Товарно возило удри жена – итно пренесена во болница

На 14.06.2025 година околу 10.30 часот во Полициската станица Пробиштип е пријавено дека на земјен пат во близина на улицата „Миро Барага“ во Пробиштип,

товарно возило „Мерцедес“ со кратовски регистарски ознаки, управувано во З.А.(57) од Кратово удрило во пешакот Ј.Ј.(68) од Пробиштип.

Во несреќата Ј.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде