Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме – EВЕ КОГА

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во нашата Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.

Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.

Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења и силен ветер.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде