Се појави видео од моментот кога земјотрес утрово го стресе Охрид

Земјотрес утрово ја стресе Македонија.

Според првичните информации, истиот е регистриран во охридскиот регион.

Земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид.

Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.

На социјалната мрежа Youtube беше споделено видео кое е направено во Охрид, а на кое се гледа потресот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде