Бидете подготвени – за денеска е најавено невреме во Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено в петок.

Во деновите од викендот и в понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде