Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море.
Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме,
проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен.
Славчо Попоски објави дека силно невреме има во скопскиот регион.
Видеото можете да го погледнете ТУКА