ВИДЕО Невреме попладнево во овој македонски град

Во нашата Република Македонија се до петок (20 јуни) атмосферата нема да биде стабилна, и тоа поради влијанието на плиткиот циклонски систем со центар над Туренско Море.

Во ваква ситуација кај нас ќе имаме повеќе облачност, а во попладневните часови ќе ни се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам локални поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.

Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме,

проследено со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град кој би можел да биде покрупен.

Попладнево невреме имаше во охридскиот регион, објави Славчо Попоски.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде