Вчера околу 09.00 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од Љ.С.(59) од Скопје и товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(26) од Скопје. Несреќата се случила на ул. .„Горно Лисиче“ во Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото возило „мерцедес“, Ж.С.(56),
додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, велат од полицијата.