Еден од најпознатите кошаркари на просторите на Балканот, Владе Дивац, е повреден денеска откако доживеал сообраќајна несреќа на црногорското приморје.
Според медиумите во Србија, Дивац паднал од мотор во близина на местото Луштице.
После падот не бил во можност сам да стане, па поради добиените повреди бил пренесен во болница.
Засега нема информации за тежината на повредите на Дивац,
кој во својата кариера настапуваше во НБА екипите на ЛА Лејкерс, Шарлот и Сакраменто.