ТРАГЕДИЈА: Во тешка сообраќајна несреќа загина 44-годишна жена

44-годишна жена од Охрид загина, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна незгода која се случи на кружниот тек кај „Мини маркет“.

Според првичните, неофицијални информации, до незгодата дошло кога возило марка „Голф“,

од до овој момент непознати причини, удрило во двете лица, маж и жена, кои се движеле по пешачката патека.

Овој немил настан само го надополни вчерашниот „црн ден“ во Охрид, кога во водите на Охридското Езеро беше пронајдено безживотно тело на машко лице.

Од СВР Охрид за двата настани најавуваат повеќе информации во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде