Момче од Македонија загина на работа во странство – семејството бара правда

Од работа на терен до смртен исход. Слаѓан Михаиловски од Општина Ранковце го загубил неговиот брат, кој работел преку скопска фирма на терен во Република Чешка, објави Мнет телевизија.

Пред повеќе од една година се случил настанот, а до денеска како што вели Михаиловски нема никаков одговор од обвинителството.

Тој преку адвокати ја тужел фирмата, бидејќи како што вели има неправилности поради кои дошло до несреќата во која загинал неговиот 26 годишен брат.

„Ми загина брат во Република Чешка. Фирмата беше од Скопје, во која брат ми беше вработен, по нивна вина беше се тоа што се случи.

Имам пуштено тужба прелу адвокати за тужење на фирмата , до сега нема ништо од обвинителството.

Ме интересира зошто, што е причината, зошто се уште нема постапка, немам никаков одговор.“ – вели Михаиловски за Мнет телевизија.

Целиот текст и прилогот на Мнет погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде