ОГРОМНА ТАГА: Пејачката Ана почина од срцев застој само неколку часа по извршени естетски зафати

Пејачката Ана Барбара Бур Булдрини почина од срцев застој само неколку часа по извршени естетски зафати во една болница во Турција.

Нејзината смрт предизвика шок, особено по наводите дека вечерта пред операцијата ја поминала со сопствениот хирург.

Патувала во Истанбул за зафати во замена за промоција на болницата

Ана Барбара (31) минатиот петок отпатувала од Мозамбик во Истанбул заедно со својот сопруг, уметникот Елгар Мајлс, со цел да направи зголемување на гради, липосукција и операција на нос. Како што изјавил Мајлс за бразилскиот медиум „O Tempo“, зафатите биле дел од договор за промоција на болницата Tusa.

-„Сакаше да го подобри својот изглед, тоа ѝ беше сон,“ изјави Мајлс.

Вечер со хирургот и ненадејна промена на терминот за операција

Двојката, која се венчала само еден месец претходно, наводно вечерта во саботата излегла со хирургот кој требало да ги изврши зафатите, пишува бразилскиот G1. Ана и Елгар првично побарале операцијата да се одложи за да имаат уште еден ден за одмор и подготовка.

Болницата ја негира одговорноста: „Не успеавме да ја реанимираме“

Во соопштение за медиумот Turkiye Today, болницата Tusa тврди дека не се случил пропуст во лекувањето и дека персоналот направил сè што можел за да ја спаси пејачката.

„И покрај сите напори на нашиот стручен тим по анестезиологија, не успеавме да ја реанимираме пациентката,“ стои во изјавата

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде