УХМР утрово со најнова прогноза: Еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде