Вкупно 32 лица се повредени откако, од засега непознати причини, се судрија два автобуси на атинскиот градскиот превоз
во јужното приморско предградие на Атина, Вула, а од повредените тројца се во посериозна состојба.
Несреќата се случила во близина на автобуска станица, автобусите се движеле еден зад друг, а голем дел од патниците биле млади лица кои оделе на плажа, со оглед на тоа што конкретните линии сообраќаат до плажите во областа Атика.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис за грчката телевизија „Скај“ рече дека никој од повредените не е во животна опасност.