Водата носи се пред себе, најмалку 24 лица загинаа: Страшни сцени од катастрофалните поплави што го погодија Те…

Најмалку 24 лица го загубија животот во катастрофалните поплави што го погодија Тексашкиот ридски округ по поројните дождови кои ја зафатија областа во петокот, соопштија американските власти.

Во тек е интензивна потрага по уште најмалку 25 лица, поголемиот дел од нив деца од христијанскиот летен камп „Мистик“ во Хант, кој во моментот на несреќата бил домаќин на над 750 девојчиња.

Според надлежните, водата од поплавената река Гвадалупе навлегла со голема брзина во округот Кер и околните подрачја околу 4 часот наутро во петокот. Телата на некои од жртвите се пронајдени во возила однесени од надојдените води.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи вонредна состојба, нарекувајќи ја ситуацијата „катастрофа“ и потврдувајќи дека мисиите за пребарување и спасување се одвиваат непрекинато, дење и ноќе.

– Ќе продолжиме и во темнина и кога ќе изгрее сонцето. Не смееме да запреме – рече Абот на прес-конференција.

Шерифот на округот Кер, Лари Л. Леита, потврди дека бројот на загинати се искачил од 13 на 24 до петокот навечер. Уште еден смртен случај е пријавен во соседниот округ Кендал.

Полковник Фримен Мартин, директорот за јавна безбедност на Тексас, го окарактеризира настанот како „настан со масовни жртви“, предупредувајќи дека бројот на загинати може дополнително да расте, бидејќи десетици сè уште се водат како исчезнати, а 237 лица се евакуирани и спасени досега.

Спасувачките тимови, вклучително и хеликоптери и теренски возила, успеале да извлечат дел од децата и персоналот од кампот „Мистик“. Сепак, голем дел од подрачјето е без електрична енергија и интернет, а на жителите во критичните зони им е наложено да се евакуираат на повисоки терени.

Ситуацијата и понатаму е критична, а властите апелираат на максимална внимателност и солидарност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде