ТРАГЕДИЈА: Во Охридско езеро пронајдено безживотно тело на маж

На 05.07.2025 година во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело.

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за 70-годишниот М.Ј. од Скопје.

Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информираат од СВР Охрид.

Ова е втор ваков случај летово. 

Безживотно тело на машко лице беше пронајдено на 19-ти јуни 2025 година во водите на Охридското Езеро во близина на езерскиот кеј.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде