Пожарите во Македонија ја земаа првата жртва – МВР со детали

Вчерашните пожари во околината на Скопје ја земаа првата жртва.

– На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток, информираа од МВР за Скопје Инфо. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Ќе се работи на идентификација на жртвата и на утврдување на причините за пожарот.

Ова е прва жртва од пожарите кои деновиве беснеат низ земјава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде