Познатиот пејач Владо Георгиев сподели потресна порака од својот роден град Херцег Нови, каде што првпат се врати по смртта на својата мајка Борка.
Таа почина во октомври минатата година, по долга и тешка борба со болест.
Иако со децении е присутен на јавната сцена, Георгиев секогаш ја чувал својата приватност далеку од очите на јавноста.
Родителите ретко ги покажувал во медиумите, иако неколку пати беа забележани како му даваат поддршка на неговите концерти.
Овојпат, за првпат, се врати во родниот крај без мајка си, што длабоко го потресе. На социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер), тој се огласи со кратка, но силно емотивна порака:
„Прво лето што дојдов во Нови, а мајка ја нема… куќа, празна без мајка,“ напиша Георгиев, додавајќи тажен емотикон со солзи.
