Во изминатите 72 часа територијата на нашата Република Македонија беше под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои условија да имаме чести и обилни врнежи од дожд повремено проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Повремено овие процеси беа застапени во форма на невреме.
Најмногу дожд во изминатите 72 часа наврна во Охрид и тоа 66 литри дожд на метар квадратен. Исто така многу дожд наврна и во Гевгелија и тоа 62 литри дожд на метар квадратен.
Локално значително количество на воден талог во литри на метар квадратен наврна и во другите места и градови во нашата Македонија.
Славчо Попоски најавува снег во Македонија.
Малку подолгорочно, многу снег цртаат прогностичките модели на Балканот околу 25 ноември, ја следиме состојбата и секако се работи многу неофицијална анализа.
