Двајца возрасни и две деца се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила во текот на ноќта во Белград, соопшти Итната помош.
Маж на возраст од 45 години и жена стара 42 години биле пренесени во Ургентниот центар, а децата на возраст од девет и шест години биле пренесени во „Тиршова“.
Оваа сообраќајна несреќа, при која автомобилот се превртел и завршил на кровот,
се случила синоќа во 21:39 часот на автопатот кон Бели Поток, кај Мокролушко брдо.
