Младо момче загина, тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа помеѓу автобус и „Форд Фиеста“ во близина на Будва

На магистралниот пат Петровац – Будва, во местото Режевиќи, се случи тешка сообраќајна несреќа кога се судрија патничко возило и автобус.

Возачот на автомобилот „Форд Фиеста“, странски државјанин на 21 година, загина на лице место.

До несреќата дошло кога возачот на автомобилот го престигнувал возилото пред него и се судрил со автобусот што му пристигнувал од спротивната страна.

Од силата на судирот, автобусот се превртел, тројца патници се повредени, пренесуваат „Вијести“.

Според првите информации од теренот, повредените патници се во стабилна состојба. Загинатиот возач е од Узбекистан.

Сообраќајот на тој дел од патот моментално е во прекин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде