Бебе старо само осум дена вчера без знаци на живот било донесено вчера во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, пренесува СДК.МК, потпирајќи се на изјави од СВР Битола.
„На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена.
По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.
Обвинителството веднаш наредило обдукција, за да се утврдат причините за смртта. Родителите го нашле бебето во безживотна состојба кога се разбудиле.
Ова било трето дете на мајката, пренесува СДК.МК
