ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Утрово снег врне на овие патни правци

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Снег провејува во Маврово и Крушево, и на планинските премини „Стража“ и „Ѓавато“. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот Попова Шапка-село Лисец.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Од 31 март до 4 април 2026 година ќе се врши „Рехабилитација на Регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско“. Во временскиот интервал од 07:00 до 19:00 часот ќе биде воспоставен изменет режим на сообраќај.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде