Денес белата Охридска Флотила и градот Охрид се обвиткани со длабока тага. Ненадејно, на 36-годишна возраст, нè напушти Капетан Игор Пешликоски — прв заповедник на Брод Галеб во Охрид.
Ведар, секогаш насмеан, целиот свој живот го посвети на Охридското Езеро и на развојот на Охридската Флотила. Уште од своите 16 години, тој беше еден од најмладите морнари на флотилата на бродот Галеб и целиот свој работен век го помина на вода низ есерската шир.
Само пред четири дена го доби уверението за Капетан на Брод. Немаше посреќен човек од него. Ведар, топол, секогаш спремен да му удоволи на секој патник , еден од најпрепознатливите ликови на охридското пристаниште, секогаш подготвен да помогне на своите колеги и на секого околу него.
Охридската Флотила, Брод Галеб, Охрид и цела Македонија изгубија голем човек. Игор зад себе остави сопруга и две малолетни деца.
Погребот ќе се одржи на ден 06.04.2025 (понеделник) од 11.30 до 12 часот, на градските гробишта во Охрид.
Редакцијата изразува длабоко сочувство до семејството на Игор Пешликоски — Пешлик, до неговата сопруга, децата и сите блиски.
