ТРАГЕДИЈА: Пронајдено тело на маж во Вардар

Тело на 82-годишен српски државјанин е пронајдено во Вардар кај Демир Капија, а по наредба на обвинител телото е дадено на обдукција.

Тело на маж e пронајдено во близина на реката Вардар кај Демир Капија, а случајот веќе е предаден на натамошна истрага.

Станува збор за 82-годишен државјанин на Србија, кој бил најден на местото викано Арсова Лака, по што лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде