УЖАС: Прегазено малолетно дете, возачот побегнал

Фото: Илустрација

Во Медицинскиот центар во Гостивар бил донесен малолетник од селото Балиндол со тешки телесни повреди, откако бил удрен од возило кое го напуштило местото на настанот.

Случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 12 април во 20:10 часот.

Според информациите, несреќата се случила околу 16:00 часот во близина на училиштето во селото.

По укажаната медицинска помош, надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде