Најнова вест: Се запали товарно возило – првични информации

Попладнево околу 17 часот товарно возило со велешки регистарски таблички се запалило на планинскиот превој Плетвар, во правец од Прилеп кон Скопје.

Според првичните информации, по избувнувањето на пожарот се создале подолги колони возила, а сообраќајот на овој дел од патот се одвива забавено и отежнато.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините кои довеле до запалувањето на возилото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде