Цените на енергенсите на светските пазари денеска бележат пад, при што повеќето главни индекси се во негативна зона.
Северноморската нафта Брент за испорака во јуни се тргуваше по 97,90 долари за барел, што претставува намалување од 1,46 долари или 1,47 проценти.
Американската сурова нафта WTI за мај исто така забележа пад и достигна цена од 96,74 долари за барел, што е намалување од 2,34 долари или 2,36 проценти.
Значителен пад има и кај лондонскиот гас, чија цена се намали за 4,37 проценти и изнесува 1.164,50 долари. Природниот гас се тргуваше по цена од 2,607 долари, што е пад од 0,76 проценти.
Цената на мазутот бележи минимално намалување од 0,04 проценти и изнесува 3,7894 долари, додека цената на бензинот RBOB се намали за 1,02 проценти и достигна 3,0841 долари.

