Пијан возач прегази пешак и побегнал

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Сообраќаен инцидент во Охрид – возач удрил во пешак па побегнал од местото на несреќата, но подоцна полицијата го пронашла и уапсила. 

– Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот 55-годишниот А.Н. од село Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот, информираа од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта.

Од полицијата известуваат дека и кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде