Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на булевар „Словенија“ во Скопје.
Во несреќата, информира МВР, учествувале два автомобили и едно товарно возило.
„Денеска (14.04.2026) во 15:30 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на булевар „Словенија“ помеѓу патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки управувано од И.И.(45), патничко возило „мазда” со пробни регистарски ознаки управувано од С.А.(31) и товарно возило со кумановски регистарски ознаки управувано од И.К.(37) од Куманово.
Од незгодата со повреди се здобиле две лица кои со возила на Итна медицинска помош се пренесени во медицинска установа за укажување помош“ – соопшти МВР за Курир.мк.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

